Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Унгарските полицајци претепале српска новинарска екипа

Видео: Унгарските полицајци претепале српска новинарска екипа

Унгарските полицајци претепаа снимател, новинарка и тонец на српската државна телевизија и им ја скршија опремата иако знаеа дека се работи за медиумски работници.

Во ескалацијата на судирот помеѓу мигрантите и унгарскита полиција, повредена е новинарката на РТС, Јована Ѓуровиќ која е претепана од унгарските полицајци, по што и беше укажана прва помош од српските лекари на границата, а потоа беше префлена во Суботица, јави РТС.

Унгарските полицајци биле брутални и со снимателот Владан Хаџи Николиќ го притиснале на ѕид и го удирале со пендреци по главата и грбот, а потоа му ја скршиле камерата. На ист начин е претепан и снимателот на тон на телевизијата Мики Ѓурашиновиќ на кого му ја скршиле опремата.

Здруженито на новинари на Србија, веднаш реагираше со барање Унгарија да се извини за нападот и да ја утврди одговорноста за нападот врз новинарите.
– Не е дозволиво да се применува сила и кршење на меѓународните прописи за слобода и работа на новинарите, а Унгарија мора да обезбеди непречена работа на медиумите, реагираа од Здруженито на новинари на Србија.

Дваесетина припадници на српската полиција стигнале околу 17 часот на граничниот премин Харгош 2 кои биле пречекани со аплаузи од мигрантите. Тие ги убедиле мигрантите да се повлечат на српска територија, а бегалците за тоа време скандирале кон унгарската страна “Србија, Србија“. Унгарската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да спречи влез на мигрантите на нејзина територија.