HomeДЕНЕШНАСветВидео: Убиен судијата кој ја спречил екстрадицијата на Ел Чапо

Видео: Убиен судијата кој ја спречил екстрадицијата на Ел Чапо

Висенте Антоние Бермудез Закариас, 37-годишен мексикански федерален судија кој водел постапка против некои од најсуровите тамошни мафијаши, бил убиен од зад грб вчера наутро, додека џогирал во близина на својот дом во Метепек. Напаѓачот му се прикрал на судијата од зад грб и го застрелал во врат, а тамошните медиуми претпоставуваат дека несреќникот настрадал бидејќи се замерил со некој нарко-босовите.
ubistvo-sudija-meksiko-sinaloa-02
Се уште не се знае кој го нарачал убиството, но тамошните медиуми наведуваат дека Бермудез Закариас меѓу другото, во март оваа година ја одложил екстрадицијата на Хоакин Ел Чапо Гузман во САД. Поради тоа е возможно да му пресудил некој од членовите на озлогласениот картел Синалоа, меѓутоа не е исклучена можноста и да станува збор за некој друг клан.

На пример, Бермудез Закариас водел постапка и против Анхел Тревин Моралес, еден од лидерите на бандата “Los Zetas”, како и против Абигаил Гонзалез Валенсиа, еден од лидерите на кланот “The Jalisco New Generation”.

Мексиканските власти им дозволиле на медиумите да ја објават снимката од убиството, со надеж дека некој ќе го познае и пријави убиецот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com