Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Убиен командирот на албанската специјална единица Ренеа

Видео: Убиен командирот на албанската специјална единица Ренеа

Во голема акција за апсење на опасниот криминалец Ружди Аришта убиен е командирот Симон Ѓета кој ја предводел специјалната единица за брза интервенција „Ренеа“ од полицискиот комесаријат во северниот албански град Скадар. Акцијата се одвивала во селото Облик, а при влегувањето во куќата на Аришта и повикот мирно да се предаде криминалецот со автоматска пушка стрелал во Ѓета и смртно го ранил.

Потоа следела речиси 20 часовна престрелка и биле ангажирани големи полициски сили кои конечно упаднале со димни бомби и оклопни возила. Во последната престрелка бил убиен и бараниот Ружди Аришта. Албанија продолжува со силните полициски акции против организираниот криминал и без оглед на големите жртви во безбедносните сили нема да се откаже од прогонот.