Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Уапсени најголемите балкански нарко босови – голема акција на српската полиција

Видео: Уапсени најголемите балкански нарко босови – голема акција на српската полиција

Голема акција на српската полиција за апсење на криминална група која се занимава со шверц на оружје. Министерот на полицијата Небојша Стефановиќ рекол дека бил пресечен најголемиот ланец на шверц со оружје на територија на Србија и Франција.

Се работи за Мича Николиќ – Сарма од Нови Сад и Мевлудин Тутиќ од Нови Пазар, кој според тврдењето на Стефановиќ, е еден од најголемите нарко-босови на Балканот. Меда Тутиќ од Нови Пазар, бил уапсен и пред две години во акцијата на БИА и Обвинителството за организиран криминал, под сомнение дека е лидер на нарко-кланот кој го држи под контрола пазарот во Нови Сад.

Миќа Николиќ наречен Сарма (56) е новосадски бизнисмен кој е апсен и пред две години во акцијата на БИА и Обвинителството за организиран крминал, под сомнение дека е водач на нарко-кланот кој под контрола го држи пазарот во Нови Сад. Во Нови Сад, Николиќ легално се занимавал со изградба на станбено-деловни објекти, преку својата фирма „Блу Лајн НС градња“.

Неговото име е поврзано и со босанските и црногорските кругови кои тргуваат со наркотици. Николиќ е уапсен и 2002 година кога полицијата во неговиот стан пронајде оружје, поголемо количество хероин и поголем број сообраќајни дозволи и регистерски таблички.

Тој е тешко ранет кога во февруари 2008 година пред кафулето „Блу лајн“ врз него е извршен атентат кој до денеска не е расветлен. Неговиот пријател Винко Предојевиќ, родум од Добој, убиен е во ноември 2006 година во својот автомобил, а тоа убиство исто така не е расветлено.