Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео ТВ24: Преку ноќ никнаа нова серија на споменици

Видео ТВ24: Преку ноќ никнаа нова серија на споменици

Нова серија на споменици во раните утрински часови беа набрзина поставени во центарот на Скопје. Спомениците кои прикажуваат светци ќе ја красат административната зграда која се гради до Македонската опера и балет.
Договорот за изградба на зградата бил склучен во 2015 година и чини 10 милиони евра со ДДВ, а во него е вклучено и поставување на споменици, во договорот наведени како занаетчиски услуги.
Во раните утрински часови поточно во 3 часот и 30 минути по полноќ, повторно беа поставувани споменици во централното градско подрачје. Откако ја забележаа камерата на ТВ 24 работниците веднаш престанаа со својата работа, а преостанатите споменици кои беа предвидени да бидат поставени, беа набрзина повлечени.
Работниците ни потврдија дека со поставувањето на спомениците започнале доцна во ноќта, откако ги добиле материјалите, нивниот претпоставен, пак, со спротивно тврдење.
„Како стигне материјалот, така работиме. Денес стигна некаде во 20 часот“, изјавија работниците.
Екипата на Телевизија 24 не доби одговор и на тоа за кои светци станува збор и зошто се поставуваат споменици за време на викенд во 3 часот по полноќ.
„Што е сега битно тоа?  -Па добро, ние сме новинари, прашуваме. – Има одговорни, ќе ги прашате нив“, изјави претпоставен.
Поставувањето на споменици доцна во ноќта не се случува првпат. Таков беше и случајот со спомениците кои доцна во ноќта беа поставени во Центар по локалните избори во 2013 година, кога меѓудругите поставени беа спомениците на Христо Узунов, Павел Шатев, Христо Татарчев, а неодамна таков беше и случајот со споменикот на албанскиот деец Пјетер Богдани.