Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисВидео: Цонга смири расплакано девојче кое собираше топчиња и ја воодушеви публиката

Видео: Цонга смири расплакано девојче кое собираше топчиња и ја воодушеви публиката

Во денешниот дуел на францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга против Омер Јасика кој го доби со 3:0 во сетови, ги освои срцата на гледачите со својот изненадувачки потег. Едно од девојчињата кое собираше топчиња започна да плаче затоа што не успеа да ја собере топката на време. Тенисерот со џентлменски потег го гушна расплаканото девојче и му помогна да го собере топчето, по што доби громоглазен аплауз од публиката.