Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео: Тренерот Темелковски тврди дека по расправа со полицијата бил физички малтретиран

Видео: Тренерот Темелковски тврди дека по расправа со полицијата бил физички малтретиран

Ракометниот тренер Илија Темелковски за ТВ21 изјави дека по расправа со полицијата бил физички малтретиран.

Како што тој тврди, двајцата полицајци го однеле зад автобус, далеку од очите на минувачите и го малтретирале.

Темелковски признава дека можеби реагирал поостро отколку што било потребно, но вели дека тоа не му дава за право на полицаецот да реагира на таков начин. Тој најави дека случајот ќе го пријави. Но, од МВР велат дека случајот се уште не е пријавен во внатрешната полициска контрола.

Темелковски вели дека ќе покрене тужба и ќе бара одговорност од полицајците.

Извор: tv21.mk