HomeДЕНЕШНАСветВидео: Трамп против Хилари, кој ја доби првата дебата?

Видео: Трамп против Хилари, кој ја доби првата дебата?

Првото телевизиско соочување на претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон ги сруши рекордите на гледаност во САД бидејќи се судрија две различни философии, бизнисмен и шоумен кој за прв пат влегува во политиката и искусна политичарка со бројни извршени државни функции.

Трамп беше неверојатно „мирен“ и не претеруваше во репликите и контра нападите, додека пак Хилари водеше тактика на потценување на плановите на противникот што најверојатно и успеа бидејќи првичните анализи кажуваат дека таа освоила поголеми симпатии кај публиката.

Претседателските кандидати дебатираа за даночната политика, креирањето на работни места и повеќе економски теми на кои Трамп сакаше да се фокусира ветувајќи преродба на земјата, додека пак Хилари му возвраќаше дека тој го штити само интересот на големите компании, меѓу кои и неговата и го обвини дека го крие даночниот извештај.

Малата предност која ја стекна Хилари според аналитичарите во САД не е доволна за безгрижна кампања бидејќи Трамп и натаму има лојална база на гласачи кои сакаат промени во Вашингтон, а не демагогија и убава реторика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com