Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Трамп одби да се ракува со Меркел

Видео: Трамп одби да се ракува со Меркел

Американскиот претседател Доналд Трамп се ракуваше со германската канцеларка Ангела Меркел при пречекот во Белата куќа, но Трамп одби повторно да се ракува додека се фотографираа за новинарите по одржаниот состанок. Трамп и Меркел одржаа состанок за одредување на иднината на трансатлантскиот сојуз, како и за дефинирање на професионалниот однос меѓу двајцата најмоќни лидери во светот. Откако новинарите побарале да се ракуваат, Меркел го прашала Трамп на англиски јазик дали сака да се ракуваат, но Трамп го игнорирал прашањето. Во краткото обраќање до новинарите и двајцата лидери изјавија дека состанокот минал во најдобар ред.