Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВидео: „Top Gear“ ќе вози бесно со шармантниот „пријател“

Видео: „Top Gear“ ќе вози бесно со шармантниот „пријател“

Поранешната ѕвезда од хит серијата „Пријатели“-Мет ЛеБланк, ќе му се придружи на Крис Еванс во новата верзија на „Top Gear“ објавува БиБиСи.
Новиот ко-презентер на емисијата ќе биде Мет ЛеБланк, заедно со Крис Еванс, кои дојде како заменик за Џереми Класкон. ЛеБранкс досега се има појавено во емисијата како гостин, а сега ќе биде и домаќин.

„Пресреќен сум што Мет му се придружува на тимот. Исполнувањето на сите наши желби поврзани со автомобилите на екран е работа од соништата, и знам дека и двајцата ќе дебатираме на многу епски теми за патување. Едвај чекаме да го споделиме тоа што ви го подготвивме“, со среќа раскажува Еванс.
ЛеБланк возбуден вели: „Како фрик по автомобили и огромен фан на Top Gear, почестен сум и возбуден што сум дел од новото поглавје на ова култно шоу“.

Инаку, тој ќе биде првиот небритански презентер во 39-години постоење на емисијата, кога ќе се врати на БиБиСи2 во мај годинава.