Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВидео: Тешка сообраќајка во Ново Лисиче – момче било заглавено во автомобилот кој чадел

Видео: Тешка сообраќајка во Ново Лисиче – момче било заглавено во автомобилот кој чадел

Стравична сообраќајка се случила утрово околу 4 часот наутро во близина на паркот „Аеродром“ на булевар АСНОМ во скопската населба Ново Лисиче.

Во сообраќајната несреќа учествувале три возила се случила, а според првичните информации, едно момче било заглавено во автомобил кој чадел, но набрзо пристигнало возило на брза помош и момчето е итно пренесено во болница. Засега нема дополнителни информации за други повредени.