Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео) Тешка повреда за Хрватскиот репрезентативец

(Видео) Тешка повреда за Хрватскиот репрезентативец

Марко Пјаца, младиот напаѓач на Хрватскиот национален тим и Јувентус од Торино, се повреден во пријателски натпревар, кој Хрватскиот тим го одигра во Талин против Естонија и загуби со 3:0. Младиот играч се повреди во 63 минута од надпреварот.

По испитувања, беше објавено дека младиот напаѓач ги скинал укрстените лигаменти на коленото и дека го чека пауза од најмалку 6 месеци.

Марко Пјаца летово се пресели во Торино и направи трансфер во Јувентус од Динамо Загреб за 23 милиони евра. Во текот на оваа сезона тој веќе имаше една тешка повреда која го одалечи 3 месеца надвор од фудбалските терени. Во последно време, се повеќе и почесто добиваше шанса кај Алегри тој постигна и еден гол во победата над Порто во рамките од Лигата на Шампионите.