Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Судар на возови во Москва – Најмалку 50 повредени

Видео: Судар на возови во Москва – Најмалку 50 повредени

Руските власти соопштија дека најмалку 50 луѓе се повредени, некои од нив посериозно, во судир меѓу два воза кои патувале кон Москва и Брест. Министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков денеска за државната агенција ТАСС јави дека 12 луѓе се во болница, а шест од нив се во сериозна ситуација. Судирот се случил вчера во западниот дел од Москва. Последиците се различни зависно од кои извори доаѓаат. Властите соопштија дека имало 455 патници во возот кој сообраќал на поголема далечина и дека најмалку четворица повредени се дел од персоналот. Околу 170 спасувачи се пратени на местото на несреќата.