Tuesday, Apr 16, 2024
HomeСТУДЕНТУМВидео: Студентски пленум го блокираше Ректоратот на УКИМ, се појавија и контрапротестанти

Видео: Студентски пленум го блокираше Ректоратот на УКИМ, се појавија и контрапротестанти

Студентскиот пленум и Младинската организација Мугра од утрово го блокираат Ректоратот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во знак на револт, против изградбата на две барокни згради во Кампусот, за што ноќта меѓу саботата и неделата беа исечени 50-тина дрва во просторот.

Студентите наведуваат дека со жив штит ќе ги спречат градежните работи на УКИМ, како и дека нема да дозволат да се гради и да се урива универзитетската автономија. Тие потенцираат дека не се против изградба на нови објекти за нивните колеги од факултетите за физичко култура и информатички технологии, но сметаат дека треба да се најдат нови градежни парцели кои ќе ги задоволуваат еколошките, градежните и универзитетски стандарди.

По блокадата на ректоратот од Студентскиот пленум, се појавија и контрапротестанти-дел од студентите на Факултетот за физичка култура и ФИНКИ, засилени со вработени од „Македонски шуми“ Контрапротестантите дојдоа за да засадат сто дрвја, кои всушност ги садеа од „Македонски шуми“ во близина на местото каде треба да се градат факултетите.