Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Студентите во Албанија удрија со јајца по премиерот

Видео: Студентите во Албанија удрија со јајца по премиерот

Студентите со јајца по премиерот. Претставници на Здружението на студенти „Движење за Универзитет“ вчера поладне фрлаа со јајца врз премиерот Еди Рама и неговото возило, во моментот кога тој излегувал од Факултетот за социјални работи при Универзитетот во Тирана.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Рама таму имал средба со претставници на бизнис секторот, а погоден бил само службениот автомобил на Рама. Албанската полиција уапсила осум студенти што гаѓале кон Еди Рама, незадоволни од неговата политика на високи школарини на универзитетите.

По апсењата почнале протести во Тирана, а според албанските медиуми, полицијата употребила прекумерна сила. Тамошните новинарите јавија дека неколку студенти се претепани и уапсени. Се огласи и поранешниот албански премиер Сали Бериша кој повикал да престане насилството кон студентите.