Friday, Mar 29, 2024
HomeСТУДЕНТУМВидео: Студент им стана херој на своите колеги, се обложи со професорот и го доби облогот…

Видео: Студент им стана херој на своите колеги, се обложи со професорот и го доби облогот…

Студент од Охајо им стана херој на своите колеги откако сите го положија испитот поради неговиот облог со професорот. Веднаш стана и интернет ѕвезда. Професорот по органска хемија ветил дека ќе ги пушти да положат сите во групата ако студентот ја погоди корпата за смет на другата страна на амфитеатарот. До ова дошло откако мало топче кое служело како прибор за практична вежба, завршило во рацете на студентот Вини Форте кој бил доволно досетлив, но и храбар да го предизвика професорот. За негова среќа (а богами и за целата група) професорот го прифатил облогот, не верувајќи дека тој може да погоди од 30-ина метри оддалеченост. Неговите колеги десетина минути не престанале да аплаудираат.