Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошарка(Видео) Страшна “банана“ на Грин

(Видео) Страшна “банана“ на Грин

Кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин брилираше во првиот натпревар од четвртфиналето во плејофот против Портланд и малку му беше потребно да оствари трипл-дабл.

Сепак “бананата”, во која се најде Ноа Вонли го одбележи натпреварот.

Грин на средбата со својата енергија ги зарази соиграчите, ја распали публиката и спречи изненадување. Крилниот центар беше присутен на секој милиметар од теренот, навреме презимаше, правовремено ротираше во одбраната, ги поправеше грешките на своите соиграчи.

Тешко дека има тренер кој Грин не би го сакал во својот тим или кошаркар кој не би сакал да биде негов соиграч.