Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Сопственик на ноќни клубови убиен во експлозија

Видео: Сопственик на ноќни клубови убиен во експлозија

Во криминална пресметка во белградската населба Бежаниска коса во експлозија на автомобил утринава погина сопственикот на Кабаре Роуз, Драган Јелинивиќ Јелка. Тој загинал на лице место кога под неговото ауди А8 експлодирала подметната бомба, јавуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, екплозијата се случила кога Јелиновиќ го запалил моторот. Од силината на експлозијата распукале стаклата на околните згради, оштетени се паркирани автомобили, а делови од аудито летале и по 50 метра наоколу.

Како што пренесуваат српските медиуми, Јелиновиќ своевремено бил уапсен на границата со Србија и Република Српска, по потерница од Германија, каде се барал за убиство. Бил испорачан на Германија каде и ја одлежал затворската казна.