Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Соборен рекордот во групо скокање со падобран

Видео: Соборен рекордот во групо скокање со падобран

Со брзина од 386 километри на час, 164 скокачи во Илиноис, го соборија рекордот во групно скокање со падобран, пишува “Mashable”. На меѓународниот тим му биле потребни 13 обиди за да го собори рекордот од 2012-тата година, кој го поставија 138 скокачи. Тие некое време летале држејќи се за раце, за на крајот да се отпуштат и засебно да ги отворат падобраните, паѓајќи кон земјата на која што нетрпеливо ги очекувала и публиката.

Но, овој потег секако не бил без ризици. Сударот при таква голема брзина може да биде фатален, а може да дојде и до хипоксија, состојба која е карактеризирана со недостаток на кислород и која може да предизвика несвестица, па дури и смрт.

За да се намали ризикот од здравствени проблеми, скокачите и пилотите вдишуваат чист кислород откако авионот ќе се искачи на 425 метри височина.
– Ова е доказ дека ако имате одговарачка група на луѓе, добар тим, поддршка и добри услови – може да направите што и да посакате, па дури тоа да биде и од 13-ти пат, изјавил Рик Нелсон, еден од организаторите.

извор:Точка