Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Со шок бомби и бодликави жици полицијата ги стопира мигрантите

Видео: Со шок бомби и бодликави жици полицијата ги стопира мигрантите

Македонските безбедносни сили денеска имаат бурен ден на јужната граница. Тие со шок бомби се обиделе да го спречат бранот мигранти да влезе во Македонија. Најмалку 3.000 мигранти, кои ноќта ја поминале на отворено, на неколку пати се обиделе да ја преминат границата која полицијата денеска ја затвори.

Најмалку пет мигранти биле повредени во гужвата која тогаш настанала, а еден полицаец е прободен со нож. Дел од мигрантите се жалат на бруталноста на македонските безбедносни сили.

Покрај ЕБР, помеѓу нив и мигрантите кои се од грчката страна на неколку места е поставена и бодликава жица. МВР најави дека мигрантите од Сирија, Ирак, Авганистан, ќе бидат упатувани на постоечките гранични премини, а во земјата ќе можат да влезат само оние кои имаат уредна патна документација.

И светските медиуми ја пренесуваат состојбата на границата помеѓу Македонија и Грција.