Thursday, Jul 19, 2018
HomeФЕР ПЛЕЈКошарка(Видео) Со моќно забивање ја скрши таблата!

(Видео) Со моќно забивање ја скрши таблата!

atoumane-diagne-u18-fc-barcelona-lassa-jt15-photo-paco-largo

Во текот на првата половина од натпреварот во Ендес лигата помеѓу Валенсија и Барселона кој заврши со резултат 76-59, центарот на “каталонците“ Дијагне успеа да ја скрши таблата.

Моќниот сенегалец кој е висок 211 сантиметри, ја заврши акцијата со забивање, при што тој се задржа на обрчот и во дел од секундата целосно се скрши стаклото од таблата.

За среќа, никој не беше повреден, бидејќи скапаното стакло остана на таблата. Денешните кошеви се направени така што кога ќе дојде до кршење на стаклото тоа да не се распрснува по паркетот туку да остане на самата табла.