Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Силната волја прави чуда – без раце управува со авион, свири клавир…

Видео: Силната волја прави чуда – без раце управува со авион, свири клавир…

Понекогаш животот има спремено црно сценарио за нас, а ние треба да знаеме како да се носиме со тоа. Само треба да си најдеме мотивација и можеме да правиме чуда. Во светот има многу примери од несреќни луѓе кои со помош на силната волја постигнале нешто невозможно. Таков е и примерот за американката Џесика Кокс (32) која е родена без раце, а тоа не ја спречило да научи да управува со авион.

Како мало девојче таа носела протетички раце. Сега комплетно се потпира на своите две здрави нозе. Со нив извршува апсолутно се.
-Ништо не може да ја замени способноста на мускулите и коските, а моите нозе ја имаат таа способност, вели Џесика.
jesika
Пред пет години таа станала првата жена пилот која пилотска дозвола добила откако испитот го положила со нозе. Со ова постигнување таа влегла во Гинисовата книга на рекорди. И требале три години, три различни авиони и инструктори.

Џесика, исто така, е првиот освојувач на црн појас во теквондо кој и го додели Американскиот теквондо сојуз. Во триесетата година од животот се омажила за Патрик Чемберлен кој и бил тренер и докажала дека физичкиот инвалидитет нема да и управува со животот. Автомобил вози без никакви помагала, пишува на тастатура и свири клавир.

-Луѓето веднаш помислуваат дека многу тоа не можам бидејќи немам раце. Но, го докажав спротивното. Во својата трета години тренирав гимнастика, во шестата танцување. Се занимавав со моделинг, со пет години научив да пливам, а со 10 почнав да одам на тренинзи од теквондо. Сум се занимавала со сите активности кои можете да ги замислите, рече таа.

Сопругот во се и е голема поддршка. Единственото нешто за што и треба помош е средувањето на косата.
-Патрик знае многу убаво да ми ја заврзе косата во голема опашка, да ми направи пунџа и плетенка, се пофали таа за „Дејли мејл“.