Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Шеик во контрола на вработените доживеал шок!

Видео: Шеик во контрола на вработените доживеал шок!

Владателот на арапските емирати Дубаи ненајавено прошетал во канцелариите на јавните служби и во луксузно опремените простории на шефовите забележал празни работни маси. Девет директори после ова добиле отказ. Изненадната испекција на Мухамед бил Рашид се одвила во недела рано наутро (по локално време), но недела е вообичаен работен ден во Дубаи, па шеикот очекувал дека во канцелариите на јавните служби вработените ќе бидат на своите работни места.

Како што се гледа од снимките кои владината служба за медиуми ги објавила на Твитер, шеикот кој изненадно прошетал во просториите на јавните служби, можел само да види сопствени слики закачени на ѕидовите, но не и лицата на вработените.