Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Сена се излеа, половина Париз под вода

Видео: Сена се излеа, половина Париз под вода

Реката Сена ги поплави крајбрежните области во француската престолнина Париз, а постои опасност да се прелее и во други градови. Нивото на водата се зголеми за 4.3 метри, што ги примора влластите да ги затворат патиштата околу Ајфеловата кула.
pariz poplavi1
Локалните власти предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, ако се во близина на водата. Многу туристи останаа блокирани околу Париз. Спасувачките служби извршиле повеќе од 8 000 спасувачки операции близу границата со Белгија. Се очекуваа оваа состојба да потрае до петок.
pariz poplavi2
Невообичаено обилните дождови во цела Франција во последните денови доведоа до одложување на натпреварите од Отвореното првенство во тенис на Франција „Ролан Гарос” и евакуација на два затвори. За утре е најавен црвен метео аларм за дел од Централна и Северна Франција поради поројни врнежи и опасност од поплави.