Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Се зголемува напнатоста на македонско-грчката граница

Видео: Се зголемува напнатоста на македонско-грчката граница

Расте нетрпението на Авганистанците заробени на македонско-грчката граница. Полицијата ги задржува сè потешко, а со тоа што не се пропуштаат Авганистанците, се спречуваат и Иричаните и Сиријците да ја поминат границата. Во Србија мигрантите отсега може да влезат исклучиво со потврда со печат и фотографија којашто се добива на македонско-грчката граница, а во Прешево стигнале повеќе од 800. Инаку,
350 мигранти коишто Хрватска ги врати во Србија се веќе префрлени на македонска граница.

Мигрантите синоќа недозволено се задржуваа на железничката пруга во местото Идомени, откако претходно се обидоа да се пробијат преку македонската граница. Грчката полиција и празни автобуси утрово рано стигнале на таа локација, рекол за Ројтерс еден сведок, кој опишал дека на едно место грчката полиција обиколила околу 600 бегалци.

Загриженоста на Атина се зголемува бидејќи приливот на бегалци не престанува. Утрово во Атина се префрлени 1250 мигранти од три грчки острови. Сето ова започна со одлуката на Австрија да го ограничи приливот на бегалци, дозволувајќи влез на само 80 бегалци дневно. Таквата одлука предизвика домино ефект којшто, преку Хрватска и Србија е проширен сè до Грција.