Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје(Видео) СДСМ: Коце Трајановски да си поднесе оставка и да има нови избори за градоначалник!

(Видео) СДСМ: Коце Трајановски да си поднесе оставка и да има нови избори за градоначалник!

На денешната прес конференција, координаторот на советничката група на СДСМ и коалиционите партнери во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, побара оставка од актуелниот градоначалник Коце Трајановски и да бидат распишани нови избори.

Коце Трајановски, како што вели Манчевски, продолжува по старо, само за нови барокни фасади Тој планира да потроши нови 5,7 милиони евра. За нови плоштади и фонтани уште дополнителни 3 милиони евра. Само за одржување на фонтаните и спомениците уште 500 илјади евра. За Градската куќа следната година ќе се потрошат нови 2,6 милиони евра“, велат од СДСМ.

Манчевски посочи дека со новиот буџет ќе се одвојат неверојатни 500 илјади евра за уредување на површините кај плоштадот пред зградата на ВМРО – ДПМНЕ.

Коориднаторот на советничката група обвини и дека за Коце Трајановски, партијата секогаш била и ќе биде поважна од граѓаните на Скопје, а со овој буџет Скопје ќе продолжи да се задушува во загадениот воздух. Ќе нема нови училишта, ќе нема гасификација, ќе нема бесплатен јавен превоз за студентите секој ден, итн.

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, како што објануваат, поднеле амандмани со кои ќе бараат ревизија на буџетот и пренамена на средствата за цели кои ќе бидат од интерес на граѓаните.

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не работат во интерес на граѓаните и за тоа има само едно решение. Оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје“, рече Манчевски.