Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) СДСМ: Инјекција за вена им била ставана на пациентите во очи

(Видео) СДСМ: Инјекција за вена им била ставана на пациентите во очи

Препаратот Авастин кој им бил ставен во очите на пациентите на Очна клиника бил само за венска употреба и не е наменет за очи, вели Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

„Многу сериозни индиции упатуваат на скандалозна причина поради којашто се настанати компликациите кај пациентите со оперирани очи, за што известивме. Одговорноста води кон највисокиот врв во здравството и Никола Тодоров.

За време на операциите на пациенти, според информации од болнички извори, во очите им е ставана инјекција што не е наменета за очи! Тоа, според информациите што ги имаме е препаратот Авастин.

Овој препарат, според упатството на производителот е наменет само за венска употреба.

Производителот, посебно предупредува дека се потребни посебни мерки за претпазливост при неговата употреба. И во извештајот од Агенцијата за лекови е наведено дека Авастинот не е одобрен за употреба во очи, изјави Злате Мехмедовиќ член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Од СДСМ бараат веднаш одговор од министерот Никола Тодоров и бараат одговорност:

Кој го донел препаратот Авастин на Клиниката за очни болести и наложил да се става на пациенти во очи?

Колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите?

Клиниката за очни болести во писмено соопштение веќе потврди дека го употребуваат препаратот Авастин.

Во светот се забележани повеќе случаи на појава на сериозни инфекции со делумно или целосно губење на видот после апликацијата на Авастин во очи.

Укажуваме, ова е злосторство врз здравјето на пациентите. За овој скандал ќе има одговорност!“

izvestaj_avastin