Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(Видео) СДСМ: Да се отвори истрага како се третира отпадот на Дрисла

(Видео) СДСМ: Да се отвори истрага како се третира отпадот на Дрисла

СДСМ денеска го отвори прашањето за начинот на кој се третира отпадот во градската депонија Дрисла и дали постои ризик по здравјето на граѓаните.

– СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје веќе одрeдено време бараат информации за степенот на инвестирање но и начинот на функционирање на депонијата Дрисла. Коце Трајановски и Град Скопје мора да им одговорат на граѓаните дали на депонијата Дрисла се складира и третира увозен отпад кој е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина.

Истовремено, го повикуваме и Јавното обвинителство да преземе чекори и отвори истрага за да може да провери и утврди дали на депонијата се третира отпад кој е опасен по здравјето на граѓаните, посочи Драги Давчевски од СДСМ на денешната прес конференција.