Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Саудиски авиони бомбардираа митинг на 100.000 луѓе во Јемен

Видео: Саудиски авиони бомбардираа митинг на 100.000 луѓе во Јемен

Коалицијата предводена од Саудијците бомбардираше масовен митинг на околу 100.000 про-Хути бунтовници и симпатизери на бившиот претседател Абдула Салех во главниот град на Јемен, Сана. Огромен број Јеменци вчера излегоа на да дадат поддршка на Хути-бунтовниците и нивните сојузници, кои го контролираат градот. Демонстрантите го поддржаа новиот управен совет, објавен од бунтовниците.
jemen miting 1
Авиони на саудиската коалиција, поддржана од меѓународната заедница, почнале да ги бомбардираат демонстрантите, јави Би-би-си. За време на демонстрациите, борбените авиони го бомбардирале подрачјето околу претседателската палата, како и други области во Сана. Се уште е непознат точниот број на жртви.

Саудијците се постојано критикувани поради цивилните жртви во воздушните напади во Јемен. Пред само неколку дена Лекари без граници (МСФ) го повлече персоналот од шест болници во северниот дел на Јемен откако во напад на воздушната коалиција беше погодена болница, при што загинаа 19 лица.