Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Рускиот шеф на антикорупција – најкорумпиран, фатен со 120 милиони кеш

Видео: Рускиот шеф на антикорупција – најкорумпиран, фатен со 120 милиони кеш

Повеќе од 120 милиони евра во готовина биле најдени кај високиот претставник за борба против корупција во Русија, кому му е одреден притвор поради „голема корупција“, соопштиле властите. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјавил за новинарите дека претседателот Владимир Путин е известен за тој случај и додал дека борбата против корупцијата е тежок процес.

Дмитриј Захарченко, шеф на Одделението за борба против економскиот криминал, поврзан со Министерството за внатрешни работи, во саботата е притворен под обвинение за корупција и злоупотреба на функцијата. Детективите во петокот во станот на негов роднина и во неговиот автомобил нашле банкноти во вкупна вредност од повеќе од 120 милиони евра во разни валути.

Руските медиуми објавија снимки од стотици врзопи со банкноти натрупани во картонски кутии и пластични вреќи. Според извори блиски до безбедносните служби, апсењето на Захарченко е поврзано со апсењето на криминалниот бос Захарија Калачов пред неколку месеци, пренесува весникот „Новаја Газета“.
120-milioni-rusija-antikorupcija
Повеќе службени лица од Рускиот истражен комитет, задолжен за главните кривични истраги во Русија, се уапсени во јули под сомнение дека ги затворале очите пред активностите на тој „кум на криминалната група“ во замена за мито од милион долари.

Дмитриј Захарченко за време на сослушувањето во судот во саботата ја демантирал својата поврзаност со организираниот криминал, наведувајќи дека пронајдените пари не му припаѓаат нему, но одбил да каже од каде се.

Според весникот „Новаја Газета“, тоа се пари од проневера на повеќе од 350 милиони евра за време на расформирањето на банката „Нота“ која ја затвори руската централна банка во ноември 2015 година.

Бројот на спектакуларни апсења на високи руски функционери поради корупција беше во пораст во последните месеци, а експертите оценуваат дека тоа е во рамките на реорганизацијата на безбедносните служби, кои понекогаш се во меѓусебен конфликт.