Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: Рускиот робот кој бега од лабораторија

Видео: Рускиот робот кој бега од лабораторија

Руските научници од истражувачката компанија Promobot имаат мали проблеми со нивниот робот кој успеал да „избега“ од лабораторијата која не била соодветно обезбедена. Роботот Promobot успеал да помине пеесетина метри и да го закочи сообраќајот на една прометна улица откако му се потрошиле батериите.

Овој „инцидент“ одлично и послужи на Promobot за популаризација на роботот чија комерцијална употреба ќе биде рекламирање на производи и давање насоки на туристи и купувачи.