HomeДЕНЕШНАСветВидео: Руски хеликоптер урнат во Сирија, пилотите спасени

Видео: Руски хеликоптер урнат во Сирија, пилотите спасени

ruski-helikopter

Руската армија соопшти дека нејзин хеликоптер бил погоден од бунтовниците по што морал принудно да слета, но дека никој од екипажот не бил повреден. Тоа се случило во провинцијата Хама додека хеликоптерот, како што се наведува, бил на хуманитарна мисија. Веднаш по принудното слетување на околу 40 километри северозападно од Палмира пристигнал друг хеликоптер со кој биле евакуирани членовите на екипажот.

Амак, новинаската агенција блиска до џихадистите на Исламска држава лиферуваше поинаква информација според која рускиот воен хеликоптер бил уништен со ракета во рурално подрачје кај местото Хубајсис.

Русија досега изгубила четири хеликоптери во Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com