Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео) Роналдињо се поклони на волшебниот Меси

(Видео) Роналдињо се поклони на волшебниот Меси

Лео Меси со два гола во “Ел Класико“ достигна неверојатна бројка од 500 голови во својата кариера, а поранешните и сегашните соиграчи ја искористи можноста да му честитаат на волшебниот аргентинец, во видео кое го објави Барселона на официјалниот веб-сајт.

“Лео, брат, ти испраќам порака како би ти честитал на 500 гол. Јас ти асистирав на првите од тие 500-то и поради тоа сум многу среќен“, изјави познатиот Роналдињо.

Во видеото на Меси уште му честитаат и Жозе Мануел Пинто, Серхио Агуеро, Ерик Абидал, Силвињо, Карлес Пујол и за крај Иниеста.

“Чао Лео, ти честитам од мое име и од името на целата екипа. Ми беше огромна чест да ги споделам сите овие моменти со тебе а се надевам дека ќе има уште многу во иднина. Со нетрпение ги очекувам нашите нови натпревари“, изјави капитенот на Барселона.