Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамВидео: Rolls-Royce Vision 100 – Англичаните беа конзервативни, нели?

Видео: Rolls-Royce Vision 100 – Англичаните беа конзервативни, нели?

Во рамки на прослава на 100 годишнината од постоењето, BMW како сопственик на истоимената групација, со серија концепти ја најавува иднината на своите брендови. Првиот впечаток на присутните на презентацијата на Vision 100 одржана во Лондон е – драматика.

Драматично поинаков од се што е досега видено. Во споредба со актуелните модели на најлуксузниот светски бренд, концептот делува како да е од друга галаксија – пренесува Autoinfo.mk. Должината од 5.9 m повеќе прилега на луксузна јахта отколку на автомобил. Изненадување не запираат тука, во идниот адмиралски брод на Rolls-Royce ќе може да се возат само двајца патници!

Ако моторите со внатрешно согорување се веќе осудени, нормално е да се очекува електриката да биде ангажира како погонска сила. Отсуството на инструмент табла не упатува на заклучокот дека на возилото не му е потребен возач. Впрочем за него и не е предвидено место.

Комуникацијата со возилото патниците ја остваруваат преку аудио команди. Електрониката ќе ги памети и омилените дестинации па доволно е да и се каже само името на омилениот ресторан, театар, клуб, хиподром….
rols
Ретко кој сопственик на RR сам си го товари неопходниот багаж, во Vision 100 тоа се прави автоматски и на оригинален начин и на ново место. Откако ќе се сместат на удобниот кауч двоецот ќе го ужива целиот комфор на марката. Првокласните природни материјали ќе ги придружуваат за време на бесшумното возење. Да секако, и со ладно шампањско!

Дали токму вака ќе изгледа Rolls-Royce по 20 или 30 години? Судејќи според совладаната технологија, Vision 100 би можел да биде произведен уште сега. Само ако германските газди на британскиот луксузен бренд оценат дека му е дојдено времето.

Целосната галерија погледнете ја на Autoinfo.mk