Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Родители си го заборавиле бебето во море – струите го однеле далеку од брегот

Видео: Родители си го заборавиле бебето во море – струите го однеле далеку од брегот

Турската крајбрежна стража спаси 10-месечно бебе, кое морските струи го доведоа до километар оддалеченост од грчкиот брег, бидејќи родителите го заборавиле во вода додека се сончале на плажата.
roditeli
Ужаснатите родители ја повикале крајбрежната стража на помош веднаш штом сфатиле каков ужасен пропуст направиле. Девојчето Мелду Илгин ја спасило тоа што била во гумен чамец за деца. Од водата ја извлекле спасителите кои скокнале во водата за да дојдат до неа. Драматичниот момент на спасување го забележале камерите.

Агонијата на семејството Илгин започнала кога семејството отишло на море во градчето Кучукују на југозападниот брег од Турција. Таткото и мајката одмарале на плажата, додека малата Мелда била во чамчето, кога одненадеш силни ветрови и големата брзина го однеле чамецот далеку од брегот. Девојчето отпловило длабоко во морето, во правец на грчкиот остров Лезбос. Девојчето после спасувањето било повторно споено со своите родители, кои веднаш ја одвеле од местото, додека шокираните набљудувачи следеле што се случува.