Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Река стара 300 години исчезна за четири дена

(Видео) Река стара 300 години исчезна за четири дена

Реката Слимс, која течеше преку Канада 300 години, исчезна од лицето на Земјата во 2016 година, пренесува Бизнис Инсајдер.

За само четири дена, нивото на водата на реката падна во целост, а на нејзино место денес се наоѓа празно и суво речно корито.

Научниците велат дека исчезнувањето на реката е предизвикано од климатските промени, односно од промената на глечерите, и се предвидува дека слична судбина ќе ги снајде многу реки во целиот свет.