HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Референдумот успешен – Во Република Српска 9-ти јануари станува празник?

Видео: Референдумот успешен – Во Република Српска 9-ти јануари станува празник?

Претседателот на Република Српска, Мирослав Додик го прогласи референдумот за успешен од Пале и порача дека Српска е држава. Според првите неофицијални резултати од референдумот во Република Српска и врз основа на 30,76 отсто обработени избирачки места, 99,80 отсто од граѓаните порачале дека сакаат 9 јануари да биде Ден на Република Српска. Излезноста на референдумот била помеѓу 56 и 60 отсто запишани гласачи па според законот референдумот е легитимен.

Ова народно изјаснување се одржа седум дена пред локалните избори во Босна и Херцеговина. Иако се очекуваше дека ќе има инциденти, референдумот помина мирно. Премиерката на Република Српска Жељка Цвијановиќ изрази задоволство од мирниот изборен ден и оцени дека референдумот е успешен.

Претседателот Додик оцени дека денешниот ден е важен и свечен за Република Српска.
– Овде се почна и овде мора да биде одбележано. Далечната 1992 година бев еден од тие кои одлучуваа за тоа како да се направи република. Јас сум сведок на тоа. Во ноември 1991 година во Сараево донесовме одлука и формиравме српска република, а овде на Пале на 9 јануари 1992 година е формирана Република Српска, пред војните, пред страдањата.

Никој, никогаш во историјата на овој народ тој факт нема да го избрише, ниту тоа може да го направи Бакир Изетбеговиќ , ниту било кој од светски мешетари кои сакаат да не нема, а почнаа со тоа што сакаа да ни го укинат Денот на Републиката и да ни кажуваат дека РС не еона што нејзиниот народ го чувствува туку нешто тие што замислиле, рече Додик.

-Републиката како држава е битна. Република Српска и е држава. Република Српска со Дејтонскиот договор е внесена како територија во БиХ, има народ кој ја сакаше таа република, тоа се критериумите за држава. Постојат три критериуми за нешто да се нарече држава: територија, ефективна власт и народ кој ја сака таа држава. Што и недостасува на Република Српска? Ништо, порача Додик.

Поради сомневање за корупција, утре ќе започне постапката за суспензија на главниот обвинител на БИХ Горан Салиховиќ. И по ова како што пишува весникот „Данас“ би следувало апсење на Претседателот на Република Српска Милорад Додик поради оддржувањето на денешниот референдум и покрај забрната која ја имаат од Уставниот суд. Како што се наведува во весникот, главниот обвинител се товари дека ги има сопрено сите истраги започнати против Додик поради финансиски малверзации. Со оддржувањето на реферндумот за денот на РС се крши Уставот на БИХ како и Дејтонскиот договор, токму поради оваа причина може да дојде до апсење на Додик, меѓутоа по суспензијата на главниот обвинител на БИХ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com