Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Расте бројот на мртви во терористичкиот напад во Лондон

Видео: Расте бројот на мртви во терористичкиот напад во Лондон

Полицијата соопшти дека осум лица загинале, а многумина се повредени во нападите пред Британскиот парламент и на мостот Вестминистер во центарот на Лондон. Како што пренесува Гардијан, меѓу загинатите се и еден полицаец и напаѓачот, а најмалку 20 лица се повредени. Полицијата го третира нападот како акт на тероризам и смета дека во истиот учествувало само едно лице. Ројтерс пренесува дека се води антитерористичка истрага и дека не се знае дали инцидентите се завршени. Нападот во Лондон се случи на годишницата од терористичкиот напад во Брисел и на само неколку дена по официјалната одлука за започнувањето на Брегзит.