Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВИДЕО: Првомајски солзавци и водени топови во Истанбул – над 150 повредени

ВИДЕО: Првомајски солзавци и водени топови во Истанбул – над 150 повредени

Полицијата и демонстрантите се судрија во реонот на Бешикташ во Истанбул откако група од тие што протестираа се обиде да премине кон плоштадот Таксим. Полицијата употреби солзавец и ги спречи демонстрантите и приведе околу 70 луѓе. Сите патишта кон плоштадот Таксим се блокирани.

Во исто време полицијата спречи група демонстранти организирани од синдикатот Диск да постават венец на Таксим, на местото каде пред 40 години на денешен ден беа убиени 34 синдикалци. Околу 30.000 полицајци се ангажирани за безбедноста во Истанбул. Илјадници луѓе има во Бакркој, каде властите дозволија одржување на митинг по повод Први мај. Кордон полицајци вршат претрес на учесниците. Според турските медиуми првпат се применува таква безбедносна мерка.