Tuesday, Apr 23, 2024
HomeUncategorizedВидео: Првиот трејлер за Batman v Superman ќе ве дигне од место

Видео: Првиот трејлер за Batman v Superman ќе ве дигне од место

Warner и DC Comics го пуштија првиот целосен трејлер за Batman v Superman: Dawn of Justice кој е спектакуларен и уште од сега ќе ве натера со нетрпение да ја очекувате премиерата на филмот до која има уште цели девет месеци.

batman v superman

Во трејлерот видовме премногу возбудливи детали како сведоштвото на Брус Вејн при уништувањето на Метрополис, враќањето на Бетмен со фантастичен костим кој е еден од досега најдобро изработените, перцепцијата на Супермен како бог симнат на планетата кој може да внесе надеж, но и страв, како и првото појавување на Чудесната Жена играна од Гал Гадот која изгледа моќно и елегантно.

Трејлерот е изработен без грешка, има доволно содржини кои на сите фанови ќе им ги зовријат мозоците, но не се открива ниту еден спојлер кој може да ја расипе приказната и првото гледање во кино напролет. Во продолжение погледнете го досега најдобриот трејлер за спектаклот Batman v Superman кој сигурно ќе ги врати во живот фановите на DC Comics, а ќе ги заќути сите критичари.