Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео): Првата титула во новата сезона за европскиот шампион Барселона

(Видео): Првата титула во новата сезона за европскиот шампион Барселона

Каталонскиот гигант вчеравечер ѝ одржа лекција на „волчицата“ кој со резултат од 3:0 избраниците на Луис Енрике дојдоа до првиот трофеј во новата 2015/2016 година.

Голгетерската серија ја започна Нејмар во 26. минута, ја продолжи Меси со погодок кон крајот на првото полувреме,а ја запечати Ракитиќ со супер гол во 66. минута.

„Жоан Гампер“ е куп кој се одржува во чест на истоимената личност која воедно е и основач на каталонскиот клуб, а за Барселона ова е 38-ми освоен трофеј во ова натпреварување. Хрватскиот играч не ја криеше среќата од добрата подготвеност на играчите за престојната сезона и желбата за многу нови успеси:
Горд сум што сум дел од оваа екипа. Докажавме оти сме подготвени, напорно работиме и гладни сме за нови трофеи“, изјави Ракитиќ по средбата.

https://www.youtube.com/watch?v=WKST6-Ydd50