Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмВидео: Прв поглед на The Hateful Eight на Квентин Тарантино

Видео: Прв поглед на The Hateful Eight на Квентин Тарантино

Големиот филмски мајстор Квентин Тарантино заврши со снимањето и продукцијата на неговиот осми и можеби последен филм пред да реши да се пензионира, па фановите со внимание ќе го проследат и ќе очекуваат ново ремек дело. Сега е пуштен и првиот трејлер од кој може да видиме како ќе изгледа неговиот шпагети вестерн со многу црн хумор, остри дијалози и интригантни ликови. Тарантино повторно ќе соработува со омилените актери Семуел Л. Џексон, Мајкл Медсен, Тим Рот и Курт Расел. Премиерата е закажана за 6 јануари следната година.