HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Протестите во Приштина ескалираа – 12 повредени и 24 приведени

Видео: Протестите во Приштина ескалираа – 12 повредени и 24 приведени

Билансот на синоќешните насилни протести во Приштина изнесува 14 повредени и 24 приведени. Поддржувачите на опозицијата и полицијата се судрија за време на антивладините протести, откако некои демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон владината зграда, по што изби пожар кој брзо беше изгаснат. Полицијата одговори со солзавец за да ја растури толпата.

Во судирите има повредени полицајци и двајца новинари. Неколку илјади луѓе на протестот побараа предвремени избори и оставка од премиерот Иса Мустафа. Опозицијата сака да го блокира догововорот со посредство на ЕУ со Србија, кој предвидува поголема автономија на општините во кои живеат Срби и можност да се финансираат од Белград. Договорот се уште не е ратификуван во српскиот и во косовскиот парламент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com