Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Протести во Истанбул поради јавното убиство на адвокатот противник на Ердоган

Видео: Протести во Истанбул поради јавното убиство на адвокатот противник на Ердоган

Тахир Елчи-претседател на Комората на адвокатите во Дијарбекир, вчера беше застрелан од двајца непознати напаѓачи пред очите на новинарите, дојдени за прес-конференција по судските теми, информира весникот „Дејли Сабах“. Покрај Тахир, повредени сѐ уште еден човек и тројца новинари.

Турските медиуми не ја исклучуваат можноста напаѓачите да се членови на Работничката партија на Курдистан- „Движење патриотска револуционерна младина“. Адвокатот беше уапсен на 20 октомври оваа година токму поради неговите изјави јавно за својата поддршка на РПК. Тогаш тој изјавил дека фракцијата не е терористичка, туку демократска организација. Тие зборови предизвикаа бран на незадоволство и протести во Турција, беше побарана и оставката на адвокатот. Елчи е познат во Турција и како еден од најжестоките противници на претседателот Ердоган.

Неговото убиство предизвика масовен протест. Турската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Руските медиуми јавуваат дека луѓето излегле на мирен протест и со ништо не ја провоцирале полицијата.