Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Протест пред полициската станица во Ѓорче Петров за малтретираниот коњ

Видео: Протест пред полициската станица во Ѓорче Петров за малтретираниот коњ

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ одржа протест пред полициската станица во Ѓорче Петров насловен како „полицијата да нè штити нас, а не криминалците! Да се спаси живиот коњ“, откако минатата недела пред очите на надлежните почина прегладнет коњ, чие месо се користело за исхрана на кучиња за борби.

„Бараме полицијата, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни биде предаден живиот коњ, кучињата врз кои се изживува и кои ги држи за борби, а насилникот да биде зад решетки“, велат од „Анима Мунди“ и бараат казна за полицајците кои не постапиле соодветно и иако можеле не го спасиле сега веќе мртвото животно.

„Бараме ваквите случки никогаш да не се повторат, а злоставувањето на животните да се третира како сериозен криминален акт и нарушување на безбедноста на сите, и луѓето и животните “, велат од „Анима Мунди“.

IZJAVI ANIMA MUNDI ZA KONJOT 30 09 by 24vesti
извор:24вести