Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВидео: Пронајдена демо снимка од првата група на Курт Кобејн

Видео: Пронајдена демо снимка од првата група на Курт Кобејн

Фронтменот на Нирвана, својата музичка кариера ја започна со групата „Фекал Метр“. На интернет се појави демо снимка од албумот на оваа не толку позната група.

Курт Кобејн е еден од основачите на бендот заедно со Грег Хоксон и тапанарот Мелвинс Дејл Кровер, кој во групата свирел на бас. Групата „Фекал Метр“ е основана во 1985 година, а објавената снимка е направена за време на католичкиот Божик во 1986 година.

Меѓу песните на овој бенд се и „Downer“ и „Spank Thru“, кои подоцна ги преработи славната група на Кобејн „Нирвана“.