Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВидео: Професионален сурфер во борба со ајкули

Видео: Професионален сурфер во борба со ајкули

Мик Фенинг трикратниот шампион во сурфање за време на турнирот во Џерфи заливот во Јужна Африка беше нападнат од ајкула, но брзо го осети присуството на предаторот и успеа да помине без никави повреди. По инцидентот организаторите го прекинаа натпреварувањето.

„Ние сме неизмерно благодарни што никој не беше повреден денес. Реакцијата на Мик беше брза и во очи на огромната опасност излезе како херој. Исто така им благодарам и на екипите за безбедност на вода кои реагираа навремено и се докажаа како вистински професионалци. Безбедноста на нашите спортисти е најзначајна, затоа и го прекинавме натпреварот“, изјави Пол Спикер извршниот директор на Светската сурфинг лига.

Во продолжение погледнете го и видеото во кое Фенинг излезе како победник во борбата со ајкулата.