Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВИДЕО: Продолжуваат силните протести во Франција

ВИДЕО: Продолжуваат силните протести во Франција

Незадоволните граѓани во францускиот град Рен, кои протестираат против реформите на законот за работни односи, продолжија со силните протести палејќи автомобили и канти по улиците на градот. Демонстрантите ја нападнаа зградата на Собранието на градот мавајќи со разни предмети и испишуваа пораки на неа. Полицијата искористила и солзавец во обид да ги растера демонстрантите.

Нешто повеќе од еден месец ширум Франција се одржуваат протести против реформите во законот за работни односи кои често се проследени со насилство и нереди.