Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВидео: Приведен е убиецот на коњот – дали ќе биде казнет за злосторството?

Видео: Приведен е убиецот на коњот – дали ќе биде казнет за злосторството?

Приведен е насилникот кој до смрт измачуваше коњ во дворот на OУ „Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo Ѓoрче Петрoв. Против него е поднесена прекршочна пријава прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир. Доколку против него биде поднесена и кривична пријава за малтретирање и убивање на животно, му се заканува казна затвор до една година.

Вчера пред полициската станица во Ѓорче Петров, граѓани и активисти протестираа со барање насилникот да се казни и да не му се дозволи да го убие и вториот коњ, кој сеуште е кај него. Овој распит на насилникот очигледно доаѓа по големиот притисок на јавноста, бидејќи претходно полицијата остана глува на барањата на загрижените граѓани.
protestСпоред граѓанското здружение „Анима Мунди“, сопственикот на животното имал навика, да купува коњи и да ги изнемоштува до смрт, за потоа со нив да храни кучиња кои ги подготвувал за борби.

Претходно од здружението реагираа дека, по најава на загрижен граѓанин, тие веднаш дошле на местото каде што бил измачуван коњот, со соодветен транспорт и ветеринар. Откако коњот добил инфузија, тие побарале од полицијата да го транспортираат на соодветно место, но полицијата не дозволила, туку коњот му го вратила на насилникот, иако тој немал документ за сопствеништво. По само неколку часа, животното беше убиено.