Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Премиерот на Косово нападнат со јајца на парламентарна седница

Видео: Премиерот на Косово нападнат со јајца на парламентарна седница

На парламентарна седница си понеле јајца. Пратениците на радикалното опозициско движење, Самоопределба, во косовскиот парламент го гаѓаа премиерот, Иса Мустафа со јајца. Седницата е прекината и не се знае кога ќе биде продолжена.

Опозиционерите почнаа да фрлаат јајца по Мустафа уште на самиот почеток на неговото излагање во косовскиот парламент, а обезбедувањето се обиде да го заштити со чадори. Пратеникот на Самоопределување, Фисник Исмаили и уште двајца други се изнесени од салата и приведени во полиција. Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весељи викна во микрофонот: „Ова е срамота“.